Не ни претпоставувале зошто јавноста ќе ги нападне: Тешки времиња за Камила и Чарлс

61

Основачот на Амазон, Џеф Безос, моментално поседува нето богатство од 181,4 милијарди долари, а неговата компанија оваа година напредувала можеби повеќе од било кога.

Последната сезона од хит серијата „The Crown“ предизвикала негативна кампања против принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, а причината, се разбира, е тоа што во серијата се прикажани во негативно светло.

На тоа предупредувале многу познавачи на она што се случува во кралското семејство, бидејќи Камила поради пишувањата на медиумите прво била негативец поради љубовта на јавноста кон Дајана, за потоа со годините тешко, но успешно се ослободила од негативниот имиџ, а серијата ја вратила приказната отпочеток.

Имено, во четвртата сезона се појавува Дајана Спенсер и серијата, меѓу останатото, го следи и нејзиниот пат до титулата принцеза од Велс.

Публиката дознала нешто и за комплексниот однос со Чарлс, за кој, добро е познато дека не само што не сакал брак со неа, туку бил критичен и некои ќе кажат љубоморен на нејзината глобална популарност.

Очекувано, фановите започнале со негативната кампања против Чарлс и Камила, кои својата долгогодишна врска која започнала пред бракот со Дајана, со брак ја крунисале во 2005-та година.

„Јасно ми е дека тоа беше одамна, но ми пречи тоа што Камила и Чарлс биле во брак и ги изневерувале партнерите, а денес ги слават како идни крал и кралица“, гласел еден од коментарите од бројните бесни фанови на Дајана.

Се разбира, се појавиле и такви кои застанале во нивна одбрана, бидејќи Чарлс бил присилен на брак со Дајана, која, да нема забуни, не му останала должна на својот тогашен сопруг, кој го изневерувала.

Потсетуваме дека серијата баш не е омилена помеѓу припадниците на кралското семејство, но ниту на оние кои биле запознаени со случувањата во дворецот.