Сара Мејс ситно брои до породувањето!

1178

Пејачката Сара Мејс ситно брои до породувањето и за некој ден на свет треба да дојде малата Илина која сите ја очекуваат со нетрпение.

Токму поради тоа, последните неколу денови од бременоста пејачката и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, ги користат за да ја средат детската соба на наследничката и едвај чекаат да се испробаат во новата животна улога – родители.

Инаку, Сара неодамна во интервју за ВЕЧЕР откри дека се чувствува супер и истакна оти бременоста многу и годи.

“Се чувствувам одлично и свежо. Немам никакви потешкотии, напротив, користам бенефиции, ме пропуштаат преку ред во гужва, ме размазуваат, чуваат, секогаш имам предност на последниот ред чоколадо и баш ми е убаво. Паметам повеќе периоди од мојот живот што биле преубави. Благодарна сум на универзумот што е тоа така, секој дел од животот си носи свои убавини, ние треба само да ги уживаме истите. Полот го знаеме, девојче е, а со подготовки сме до никаде затоа што има време и не се брзаме никаде”, рече пејачката.

Погледнете ги сите вести од забава