Модели со три гради на модната недела во Милано (ГАЛЕРИЈА)

868

Дизајнерите постојано поместуваат граници кога сакаат да промовираат свои нови колекции.

Џулијано Калца го направи токму тоа кога на Модната недела во Милано испрати на пистата модели со вештачка трета града.

Модели со три дојки ја одбележаа ревијата на модниот бренд “GCDS”, на модната недела во Милано.

Италијанскиот бренд со тоа избра бизарен начин да ја промовира својата пролетна колекција на ултракратки топ маици, под кои се наѕираа три гради. На социјалните мрежи се коментираше дека овој стил бил инспириран од култниот научно-фантастичен филм со Арнолд Шварценегер, „Тотален отповик“, во кој се појавува проститутка-мутант со три дојки.

Калца, кој го почна својот бренд пред три години, даде мало појаснување за својот настап во Милано.

„Ние сме млада група луѓе, сите сме помлади од 30 години и сакам на луѓето од моја возраст да им зборувам за иднината и да ги натерам да размислуваат за пластика, недостиг на вода и за околината. Целосната одржливост е невозможна и сакав оваа ревија да биде повик за будење“, изјави Калца.

Заедно со третата града, моделите носеле чизми со должина до колената или сандали со висока платформа. Колекцијата за претстојната сезона пролет/лето 2019-та година е претставена на пистата која била осветлена со неонски знаци на кои пишувало “GCDS Corp е вашиот единствен Господ”. GCDS е акроним од целосниот назив “Господ не може да го уништи Streetwear”, а брендот е од италијанско потекло.

Овој бренд стана еден од најбараните брендови на денешницата, благодарение на својата иконска графика и впечатливи слогани, како и необичната адаптација на женското тело. GCDS исто така ја прикажале и својата колекција со чевли и ташни со ликови од Покемон.