На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје била примена жена во тешка здравствена состојба – таа имала циста во стомакот која тежела 90 килограми.
Тимот на медицинскиот персонал заедно со гинекологот Игор Алуловски и голем тим анестезиолози вршеле 5-часовна операција врз 45-годишната жена.
„За да ја извршиме операцијата, моравме прво да го испразниме туморот. Беше извадена околу 65 литри густа течност, а самиот тумор тежеше близу 90 килограми. Пациентката беше донесена во крајно влошена состојба, во аспект на дишењето и работата на другите органи низ целото тело“, вели Алуловски за „Канал 5“.
Големината на цистата е досега најголема циста извадена од човек во Македонија, но и во Европа. Цистата започнала да расте од матката на жената по што се проширила низ целиот стомак. Таа создала труење на крвта, а големината на истата правела притисок врз ребрата и срцето. Пациентката сè уште се наоѓа во шок соба.
Според изјавите на членови од семејството, жената речиси 3 години ги имала овие здравствени проблеми, но одбивала да посети доктор бидејќи била исплашена.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















