Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во гостување на ТВ Стар, изјави дека по средбите со родителите и учениците пред воведувањето на онлајн наставата, утврдила дека најголемата причина за отпор против била стравот.
-Утврдив дека најголемиот отпор за онлајн наставата беше стравот, дали ќе се навикнат родителите, учениците, наставниците – рече Царовска и додаде дека децата се тие кои први и многу полесно се прилагодуваат.
-Децата се во системот и се прилагодуваат, за нас е предизвик да седнеме и прочитаме нешто на компјутер, за нив не е , тие таму живеат – рече Царовска.
Царовска истакна дека училиштата во кои се одржува физичка настава ги почитуваат протоколите за заштита на здравјето. Бројот на заразени наставници од училишта со физичка настава е 12 и 3 ученици.
-Се почитуваат протоколите, посебен индикатор ни е епидемиолошката екипа, кажува дека се почитуваат, и затоа немаме целосни изолации – рече Царовска.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











