На младата пејачка Антониа Гиговска денот не и минува без песна. И кога нема работа во студио, настап, снимање… Антониа знае да си запее за душа, да се развесели себе, но и фановите и следбениците кои ги има на социјалните мрежи.
Откако доби возачка дозвола, најчесто си пее во автомобилот, додека таа е зад воланот, но и додека друг ја вози.
Овој пат на нејзиниот репертоар од автомобилот, беа песни на српски изведувачи, а една од нив беше и „Волим те“ на Анастасија Ражнатовиќ чиј автор а композиторот Дарко Димитров, кој наедно и прави песни и на Антониа.

Весела, насмеана, распеана, младата пејачка ги пееше стиховите на песната, а во видеото кое го постави на Инстаграм „стори“ ја означи и Анастасија.
Откако Гиговска и поласка со тоа дека оваа песна и се допаѓа за да ја пее, другата не и остана должна, па ја сподели на својот профил покажувајќи дека нејзе пак и се допаѓа вниманието од колешката од Македонија, но и како ја пее нејзината песна.

Заемното ласкање во неколку секунди го прегледаа илјадници нивни фанови и следбеници, па ова можеби за во иднина ќе биде доволно за да запеат заедно со оглед на тоа дека ги врзува истиот композитор.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












