Македонската актерка Емра Куртишова која што ја толкува улогата на Исаура во хумористичната серија „Преспав“, а со која што и се прослави, привлече големо внимание во јавноста со фотографијата која што ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, таа објави фотографија на која што лежи на кауч и прави самопреглед на своите гради и потсети дека месец октомври е месец на борбата против ракот на дојката.
„Октомври, месец на борба против ракот на дојката“, напиша Емра покрај споделената фотографија.
На самата фотографија има и текст, на кој што пишува:
„Блиску до себе. Чекор три… Прегледајте ги градите додека лежите, користејќи ја десната рака за проверка на левата града и обратно! Правете кружни движења со дијаметар од околу два центиметри“, стои на фотографијата.











![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)























