Истражувачи на праг на решавање на најголемата мистерија на Втората светска војна: Килибарската соба пронајдена на дното на морето?

166

Со помош на модерната технологија, полските нуркачи дошле до неверојатно откритие.

Полските нуркачи на прагот на неверојатно откритие. Со помош на најмодерната опрема и големите напори успеале да лоцираат остатоци од нацистички воен брод „Каршула“ на дното на Балтичкото море.

„Товарот на бродот практично е недопрен. Пронајдовме воено возило, порцелан и многубројни сандаци со непозната содржина“ – изјавил Томаш Стахур, еден од учесниците во експедицијата, пренесува „Sputnik News“.

Токму споменатите сандаци предизвикуваат возбудување, затоа што се верува дека содржат делови од Килибарската соба на која што во 1943-та година ѝ се губи секаква трага.

Осмо светско чудо

Германските и руските архитекти во 1701-та година започнале со градење на легендарната соба, исполнета со килибар и скапоцености, за да ја претстават на прускиот крал.

Таа била завршена 16 години подоцна и дадена на подарок на Петар Велики, за да се зајакне сојузот Русија и Прусија против Шведска.

Царицата Катарина наредила таа дополнително да се украси и да се премести во Санкт Петербург.

Во својата палата кралицата организирала собир, покажувајќи ја сета убавина на собата. Проценката за вредноста на Килибарската соба варира, а се движи помеѓу 140 и 500 милиони долари. Поради тоа не е чудно што е прогласена за „осмо светско чудо“.