Во Италија расте бројот на заразени и хоспитализирани пациенти заболени од коронавирус, соопшти во дневниот билтен Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се регистрирани 1.648 нови случаи, на вкупно тестирани 90.000 луѓе. Расте и бројот на хоспитализирани и пациенти на интензивна нега, а бројот на починати пораснал за 24.
Вкупно во Италија се заразени 50.603 лица, од тоа во домашна изолација се 47.311 лица.
Ниту еден италијански регион не е без заразени од Ковид-19, а најмногу случаи на вирусот има во регионот Кампанија.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















