Илјадници граѓани на улиците на Будимпешта: Бунт против робовладетелскиот закон на Орбан!

836

Илјадници Унгарци во синоќа протестираа во Будимпешта против новиот закони за работни односи и за управните судови кои што беа донесени во средата и веднаш предизвикаа бран на незадоволство кај граѓаните.

Се проценува дека повеќе од три илјади демонстранти се собраа пред парламентот во Будимпешта, а потоа и го блокираа и сообраќајот на еден од мостовите преку реката Дунав, извикувајќи „Валкан Фидес“ и „Орбан оди по ѓаволите“.

„Тука не донесе незадоволството поради законот за судовите, со што тие ја зацементираа нивната власт. Второто е шлаканицата во лицето на работниците“, изјави Тамас Сабо за унгарските медиуми.

Одредени демонстранти дури и се судрија со полицијата во близина на парламентот, по што полицијата реагираше со солзавец.

Унгарскиот парламент во средата усвои закон за флексибилно работно време, а законот наиде на жестока реакција на граѓаните и опозициските партии кои што тврдат дека е изгласан робовладетелски закон.

Партијата „Фидес“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан инаку има двотретинско мнозинство во парламентот. Законот кој што значително го зголемува бројот на прекувремени работни часови кои што работодавачите можат сега да ги побараат од своите вработени беше усвоен со 130 гласа „За“, 52 гласаа „против“ и еден пратеник беше воздржан.

Според новиот закон, бројот на прекувремени работни часови ќе се зголеми од 250 на 400 во текот на една година.

Унгарскиот парламент изгласа и уште еден контроверзен закон со кој што се воведуваат нови управни судови. Хелсиншкиот комитет реагираше и оцени дека станува збор за „нова и сериозна закана за владеењето на правото во Унгарија“.

Организациите за заштита на човековите права сметаат дека новиот закон би можел да доведе едо политичко мешање во правосудните прашања, а владата на Виктор Орбан ги отфрлува таквите обвинувања.