Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 2 денари по литар, во однос на цените утврдени минатата недела и со тоа цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 ден/лит.
Цените на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, па така еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 49,50 ден/лит, а цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг и ќе изнесува 25,311 ден/кг.
Од Комисијата информираат дека во изминатиот седумдневен период сите цени на светските берзи во просек бележат зголемување и тоа: на бензинот за 4,663%, на дизелот за 3,692%, на екстра лесното масло за 2,769% и на мазутот за 5,388% .



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















