Леброн Џејмс стана играчот со најмногу плеј-оф победи во историјата на NBA. Тој дојде во бројката од 162 триумфи во разигрувањата и го надмина Дерек Фишер (кој зад своето име има 161 победа). Леброн со 36 поени ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победата (112-102) за предност од 2-1 во полуфиналната серија од Западната конференција со Хјустон.
Четвртиот натпревар во серијата е по два дена. Покрај “кралот”, во победничкиот тим, одличен натпревар имаа и Ентони Дејвис со 26 постигнати поени како и Рејжон Рондо кој по враќањето од повредата е вистинско освежување за тимот. Постигна 21 поен и 9 асистенции а посебно значаен беше во последната четвртина кога се решаваше судбината на мечот. Кај Хјустон, тандемот Харден-Вестбрук беше на висина на задачата. Харден постигна 33, а Вестбрук 30 поени, но иако “ракетното дуо” имаше статистички импресивно издание, остатокот од тимот запостави и “ракетите” се во минус во серијата (прв до 4 победи).
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















