Пејачката Елена Ристеска изминатиот период е преокупирана со својата козметичка линија ЕРА и промоцијата, пласманот и продажбата на двата парфеми, женски и машки, кои први ги лансираше од својот бренд.
Поради пандемијата, затворените граници, сите имаме чудо лето, но колку толку повеќето најдовме малку мир покрај вода на езеро, река, базен и на планина.
Социјалните мрежи се прозорецот кон приватноста, а Елена изминатиот период не многу покажа од приватните моменти, особено таквите кои би можеле да се стават во рамка на летен одмор и релаксација, освен еден „блиц“ момент од Охрид каде позира на тераса.
Овој пат меѓу нејзините најнови објави осамнаа три фотографии на кои таа се опушта на приватен базен, а ги направил како што напишаа таа во описот – „папарацо“.
Наместо костим за капење, Елена носеше црно кусо фустанче од кое ги сончаше голите нозе и грбот.
Кој е авторот на фотките што упадна додека Елена ги разладуваше стапалата, останува само како „папарацо“ што таа го знае.
ФОТО:ЕЛЕНА РИСТЕСКА/ИНСАТГРАМ/ПРИНТСКРИН
Сепак, по првата изненадена гримаса, Елена се насмеа и ги крена нозете, за останатите фотографии да бидат барем онакви какви што сака, па реши да ги стави на Инстаграм и да им ги покаже на следбениците кои ја преплавија со ласкави коментари.


![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-100x70.jpg)

