Овие секојдневни навики ги влошуваат менструалните тегоби

1049

Жените најчесто не се ни свесни за овие работи, а тие можат да ги влошат менструалните болки

Болките во долниот дел од стомакот, во градите, исцрпеност, грчеви, раздразливост се само некои од симптомите на менструалниот циклус. Додека некои жени многу лесно ги преживуваат, некои имаат навистина обилни менструации. Меѓутоа, проблемите со менструацијата може да бидат предизвикани и од некои активности и лоши навики за кои најчесто не сме свесни.

Стрес

Еден од најчестите причинители на болните и нередовни менструации е стресот, бидејќи тогаш телото го лачи хормонот кортизол. Кога постојано сте под стрес, тоа може да го влоши менструалниот циклус, односно да предизвика нередовни менструации, па дури и нивен изостанок.

Контрацепциски пилули

Најголемиот виновник за најлошите симптоми на ПМС е промената во хормонската рамнотежа. Со оглед на тоа што контрацепциските пилули првенствено влијаат на хормоните, ако заборавите да испиете три или повеќе пилули, тоа може да доведе до нередовно крвавење. Добро е да се знае дека сите методи на контрацепција (освен презервативите) можат да влијаат на менструалниот циклус, па затоа треба да се консултирате со гинеколог кој ќе ви каже кој метод најмногу одговара на вашиот организам.

Кога се работи за емоционалните турбуленции, ПМС-от може да предизвика напнатост, несоница и раздразливост. А пиењето голема количина на кафе може уште повеќе да ги влоши тие емоции.

Претерувате со алкохолот

Експертите предупредуваат дека преголемата количина на алкохол може да ги влоши грчевите и да го продолжи нивното траење.

Претерувате со вежбање

Ако тренирате за маратон, секоја чест. Но имајте на ум дека секојдневната ригорозна физичка активност и напор може да предизвикаат хормонска неурамнотеженост. Но тоа не значи дека целосно треба да го одбегнувате вежбањето за време на оние денови. 30-минутни лесни или умерени активности дневно може да ги ублажат симптомите на ПМС.