8 одлични активности за кои не ви се потребни телефон и пари

218

После напорната недела, која често од нас бара времето да го поминеме пред екран, потребно е да направиме детоксикација од електрониката и да се посветиме на одмор и работи кои нè прават среќни, преку кои ги полниме батериите за следната работна недела.

Освен тоа, постојат ситници кои не би нè чинеле ништо, па затоа не е лошо понекогаш малку и да заштедиме. За следните активности не ви се потребни пари, ниту мобилен телефон, треба само ваша согласност.

1. Пишување

Без оглед на тоа дали се работи за дневник, песни или можеби некаков роман, пишувањето е одличен испуштен вентил, преку кој можете своите мисли да ги пренесете на хартија.

2. Кафе со драга личност

Сетете се на пријателите, братучетките или соседите кои долго време не сте ги виделе и повикајте ги на кафе. Ќе се изненадите од тоа колку многу работи имате за споделување.

3. Волонтирање

Освен што ќе направите добро дело, на тој начин се градите и себеси. Изберете го здружението или установата во која сакате да придонесете и да дадете помош, онаква за која што имаат потреба.

4. Игра или прошетка со миленичето

Ако немате куче, прашајте ги соседите дали може да го прошетате нивното куче. Докажано е дека животните имаат терапевтско дејство врз човекот и делуваат антидепресивно. Секако, не мора тоа да биде само куче, секое животно е посебно на свој начин.

5. Посетите книжарница

Нема поубаво чувство од тоа да се загубите во мирисот на книгите и интересните насловни страници. Ова е одличен начин за ослободување од насобраниот стрес.

6. Чистење гардеробер

Ослободете се од сè што не сте носеле со години или едноставно од она што веќе не ви одговара. После завршената работа, ќе се чувствувате одлично.

7. Време за најблиските

Пружете им внимание на членовите од семејството кое воопшто не ве гледа преку работната недела. Покажете интерес за нивните животи и предложете им некоја заедничка активност.

8. Грижа за растенијата

Засадете некој цвет, овошје или зеленчук и грижете се за него редовно. Сигурни сме дека ќе се чувствувате гордо кога ќе ги видите плодовите од сопствениот труд.

loading...