Корона кризата го натера македонскиот парламент да се подготвува и за евентуално работење на пратениците од дома. Имено, во Собранието се подготвува платформа за и пратениците да може да работат и одлучуваат од дома или од нивните канцеларии. Ова го потврди денеска новоизбраниот пратеник на СДСМ и досегашен министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
-Во парламентот веќе работат на платформа на која и пратениците ќе може да работат и одлучуваат и од дома или од нивните канцеларии, што исто така е голем предизвик. Службите работата на ова и верувам не подоцна од крајот на септември ќе биде и тоа овозможено, изјави Манчевски.
За сега не беше објаснето дали на пратениците при работа преку платформата ќе им се плаќа екстра пари, бидејќи ако седат дома ќе им се скратат омилените патни трошоци. Тоа би бил голем стрес за народните избраници пред носење на важни одлуки.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












