Пејачката Рита Ора ужива во луксузен одмор на Крф, а своите следачи секојдневно ги чести со фотки во костим за капење или топлес.

Во една од последните објави пејачката сподели три фотографии од базен, а на една од нив ги прекри своите гради со рацете.
“Најдобрите неколку недели со најдобрите луѓе. Моето среќно место”, напиша под фотографиите кои собраа повеќе од 600 илјади лајкови.
Ѕвездата е сместена во лускузна вила на остроот со својот нов дечко Ромејн и своето семејство. Една ноќ во оваа вила чини речиси 20.000 евра.
Луксузниот имот има двоетажен базен, спа-центар, кино и приватна јахта, се со цел Рита и нејзините гости со денови добро да се забавуваат и одморат.
Во вилата работи и тим персонал, кој вклучува вратари, возач, приватен готвач и послуга.















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)



















