Претседателот на Косово, Хашим Тачи прогласи тридневна жалост по повод смртта на познатиот активист за човекови и национални права на косовските Албанци, Адем Демачи, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Во знак на почит за ликот на истакнатиот деец, Адем Демачи, претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, врз основа на неговите уставни и законски надлежности, прогласи тридневна жалост во Косово, односно во петок, сабота и недела, се вели во соопштението на претседателскиот кабинет.
Во текот на овие три дена, државното знаме на Косово ќе се симне на пола копје во сите државни институции во и надвор од земјата.
Посмртните останки на Демачи, денеска од 09:00 до 20:00, и утре претпладне ќе бидат изложени во Собранието на Косово, каде што денеска во 11 часот ќе се одржи комеморативна седница.
Погребот, со највисоки државни почести, за чија организација е формиран Организационен одбор, ќе се изврши утре напладне во Гробиштата на великаните во Приштина.
Адем Демачи почина вчера на 82-годишна возраст. Во времето на комунистичка Југославија помина 28 години во затвор поради неговите политички убедувања и дејствување. Во 1991 година, откако беше пуштен од затвор, Европскииот Парламент му ја додели наградата за мир „Сахаров“









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)














