Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, оценил дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, многу доцна побарал поддршка од работниците во претпријатијата во земјата.
“Лукашенко побара поддршка од работниците во индустриските претпријатија. Изгледа дека тоа го направи предоцна”, рекол Горбачов во интервју за “Комсомолска правда”.
Тој додал дека и тој побарал поддршка од работниците пред распадот на Советскиот сојуз, пренесува “Sputnik”.

“Не ја добивме потребната поддршка. Не сум склон да ги обвинувам работниците”, истакнал тој.
Поранешниот советски лидер кажал и дека постои странското влијание на настаните во Белорусија.

Масовните протести на опозицијата во Белорусија почнале на 9-ти август по претседателските избори, на кои победил актуелниот претседател Александар Лукашенко.
Опозицијата не ги признава резултатите од изборите и смета дека победила Светлана Тихановскаја.










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











