Осумдесет и пет патници се повредени при уривање на авион на компанијата „Аеромексико“, непосредно по полетувањето од мексиканскиот град Дураго. Гувернерот Хозе Аиспуро објави на „Твитер“ дека нема жртви во авионот од типот „ембраер 190“ во кој имало 101 патник, од кои 85 се повредени, а двајца се во критична состојба.
По несреќата, хоспитализирани биле 37 патници.
Авионот летал од меѓународниот аеродром во Гвадалупе до Мексико Сити и се
урнал само неколку секунди по полетувањето. Надлежните на аеродромот во Дуранго ги посочија лошите временски услови како причина за падот на авионот. Авионот полетал во услови на бура, по што бил принуден итно да слета.
Кога се случила несреќата паѓал силен град и имало големи електрични празнења, што најверојатно се причина за падот на авионот. По падот, авионот се запалил, но огнот набрзо бил изгаснат.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











