Охриѓанка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете. Таа го оставила детето само во куќата во која живееле, без храна и надзор.
Според информациите на СВР-Охрид, вчера во полиција телефонски било дојавено дека С.В.(39) од Охрид, во својот дом на улицата „Питу Гули“, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син кој бил неподвижен.
Центарот за социјални грижи и Црвениот крст од Охрид преземаат мерки за пронаоѓање на згрижувачко семејство, а на детето му е дадена соодветна помош. Против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)




















