Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека премиерот Зоран Заев и СДСМ се обидуваат да ги манипулираат граѓаните со референдумското прашање. Реагирајќи по прес-конференцијата на пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните повторно се излажани.
„Заев ветуваше референдум кој ќе биде задолжителен, а сега предложи и изгласа консултативен референдум. Заев и СДСМ се обидуваат да ги манипулираат граѓаните со нејасно и двосмислено прашање, кое е спротивно на член 15 од Законот за референдумот. На тој начин само создаваат дополнителна конфузија меѓу граѓаните. Доколку договорот со Грција беше добар и поволен за Македонија и не ги бришеше нашето име, историја, традиција и култура, Заев со целокупната медиумска и невладина поддршка што ја има, ќе прифатеше да оди со само едно прашање, кое ќе беше јасно и недвосмислено, а ќе се однесуваше само на договорот од Нивици“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека доколку ВМРО-ДПМНЕ се залагала за европска Македонија, ќе водела борба против корупцијата, немало да ја зароби државата и да ја укине парламентарната демократија.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















