Една од најпознатите светски парови, Викторија Бекам и фудбалерот Дејвид Бекам, иако долги години се во идиличен брак, сепак, имаат турбулентно минато кое што не е заборавено.
Иако сега нивниот брак изгледа идилично, пред повеќе од десет години, љубовните афери на Дејвид за малку ќе го чинеа развод. Неговото најпознато неверство е од 2003 година,а започна во ноќен клуб во Мадрид со манекенката Ребека Лос. Таа работеше како негов асистент, а папараците ги фотографираа додека разговараа како да се познаваат со години.
Викторија го прости овој „испад“, а неколку години подоцна Ребека за странските медиуми откри дека Дејвид бил совршен љубовник и дека одлично води љубов.
Тој е многу добар љубовник. На скала од еден до десет, му давам осум. Интимен е и нежен и убаво е кога мажот е таков во спалната соба, рекла Ребека, која работи како учителка по јога.
Таа афера не стави крај на неверствата на Дејвид. Уште неколку манекенки се имаат јавено и имаат признато дека имале афери со фудбалерот, но тој успеа да и ги „замачка“ очите на Викторија притоа правдајќи се дека овие дами само сакаат на негов грб да се здобијат со популарност, па поради тоа измислуваат приказни за него.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















