Внимавајте! Измамници го искориствуваат сервисот Нетфликс за да Ве ограбат

0
70

Таа порака на прв поглед изгледа легитимно, но кога детално ќе ја прочитате очигледно станува збор за измама. Популарниот американски сервис за гледање серии и филмови, Нетфликс предупреди дека се појавиле лажни мејлови кои трагаат кон нивните корисници.

Во лажната порака, која на прв поглед изгледа како да била испратена од Нетфликс, се наведува дека имаат проблем со податоците за наплата на услгите и дека од примателите бараат да кликнат на следниот линк и да ги потврдат нивните податоци.

Од Нетфликс ги предупредуваат своите корисници да бидат внимателни за време на отварањето на таквите пораки и никогаш да не кликнуваат на сомнителните линкови.

“Никогаш немојте да ги испишувате корисничките или финансиските податоци во образецот од линкот. Подобро посетете го Нетфликс директно”, предупредуваат од Нетфликс и молат сите сомнителни линкови да им ги испратат нив.

Експертите за безбедност предупредуваат дека тие линкови доаѓаат од легитимни извори и треба да се отвараат со внимание.

Проверете ја е-адресата од која доаѓа пораката, обрнете внимание на јазикот кој се користи во пораката и не отварајте никакви линкови кои се наоѓаат во сомнителните пораки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here