Јовановски останува во притвор, додека Јанева правосилноста на пресудата ќе ја чека дома
Бојан Јовановски – Боки 13 останува во притвор во затворот во Шуто Оризари, одлучи судечкиот совет откако ја соопшти пресудата за „Рекет“ со која тој доби 9, а Катица Јанева 7 години затвор.
Обвинителката Вилма Русковска побара да му се продолжи притворот поради опасноста од бегство која постои затоа што доби висока затворска казна, но и затоа што на 1 јули почнува судскиот процес за „Меѓународен сојуз“ каде што тој е обвинет.
Бојан Јовановски, пак, во обраќањето рече дека очекува да остане во притвор и оти судот донел политичка пресуда.
„Ова е ден на политичка кампања, донесовте политичка пресуда… Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви“,
рече Боки.
Неговиот адвокат Сашко Дукоски, пак, рече дека не очекува поинаква одлука освен да остане во притвор, а во изјава за медиумите рече и дека не е изненаден од пресудата за овој, според него, конструиран случај.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











