МИГРАНТ ОД ПАКИСТАН ПРЕГАЗЕН ОД ВОЗ ДОДЕКА СПИЕЛ НА ПРУГАТА КАЈ ВЕЛЕС

663

Мигрант кој се движел по железничката пруга Градско – Велес утрово загина, кога железничка локомотива удри во него. Несреќата се случи околу 4 часот, во близина на велешкото село Згрополци. Од ударот, мигрантот бил тешко повреден и кога брзата помош стигнала, тој бил се уште жив.

„На местото на настанот е интервенирано со една екипа, на повредениот му е пружена прва помош, имобилизиран е и поставен на даска. Констатирани се тешки телесни повреди и лицето во тешка општа состојба е транспортирано до Општа болница Велес и предадено на тамошната екипа за натамошен третман“.

Од велешката болница велат дека мигрантот бил донесен без знаци на живот. И покрај тоа, лекарите се обиделе да го реанимираат, но нивните напори биле безуспешни. Увидна екипа од велешката полиција извршила увид, а поради тоа железничкиот сообраќај на оваа меѓународна пруга бил во прекин до 06 часот и 30 минути. Железничките несреќи во кои учествуваат мигранти се честа појава во последните години кај нас.

Последните неколку денови забележливо е зголемено движење на мигранти од југ кон север, а со тоа и инцидентите поврзани со нив. Завчера двјаца мигранти од Авганистан, во близина на Згрополци под закана од пиштол се ограбени од лица кои им се понудиле да ги превезат до северната граница. Истиот ден на клучката кај источниот влез на Велес полицијата уапси шверцер кој превезувал 12 мигранти.