На денешен ден пред 20 години со терористичкиот напад во Теарце почна конфликтот во Македонија

387

Пред 20 години, на денешен ден беше нападната полициската станица во тетовското село Теарце при што загина бранителот Момир Стојановски (30). Овој напад на ОНА се смета за почеток на конфликтот во Македонија во 2001 година.

При вооружениот напад со минофрлач повредени беа уште тројца полицајци. Одговорноста за нападот тогаш ја презеде т.н. Ослободителна народна армија (ОНА).

Ден по нападот ОНА објавил „комунике“ во кое наведе дека нападот имал предупредувачки карактер и ги повика полициските службеници да се повлечат од своите работни должности за да не ги загубат животите.

Момир Стојановски е првата жртва во воениот конфликт во Македонија во 2001 година, а погребан е на гробиштата во родното село Добровница, Крива Паланка. Стојановски постхумно е одликуван со медал за храброст од претседателот на Република Македонија.