Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ секојдневно консумира целер и тоа во сирова форма.
Ѓоковиќ е човек кој обрнува огромно внимание на својата исхрана и сопственото здравје. Тој важи за спортист кој внимава што и колку јаде, а со години го промовира веганскиот начин на исхрана. Неодамна, тенисерот открил која билка ја користи за појадок.
Во периодот на пандемијата на коронавирусот, Новак секое утро појадувал салата од целер. Појадокот е најважниот оброк во денот, а Ѓоковиќ ништо не препушта на случајот, па оттаму и целерот на неговото мени. Секој ден го започнува со чаша вода со лимон и лимета на празен стомак, а потоа пие свежо цеден сок од стебла од целер.
Станува збор за семеен напиток – го консумира и неговата сопруга Јелена како и двете нивни деца, но тие го припремаат во комбинација со јаболко или краставица за посилен вкус.
Целерот е растение со посебни нутритивни и лековити особини, постои во див и питом облик, а и двата се лековити. Целерот е билка која е позната уште од дамнешни времиња, а во минатото луѓето го одгледувале во зимскиот период и сметале дека го јакне организмот, додека неговите семиња се користеле за олеснување на болка. Денес воглавно се користи како зачин или прилог во бројни јадења, а неговата лековитост е потврдена со разни истражувања.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)





![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)










![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-100x70.png)


