Меган Фокс и Брајан Остин Грин, по 10 години брак и уште шест години врска пред тоа, се разделија. Тоа го објави Грин во неговата интернет-емисија.
Јас секогаш ќе ја сакам. Знам дека и таа секогаш ќе ме сака мене, а тоа што го градевме со години, е навистина посебно, изјави глумецот во емисијата.
Тој натаму нагласи дека со Меган сè уште се гледаат заради семејните празници и дека цврстата врска меѓу нив е од витално значење за нивните деца. Гласините за разделбата започнаа откако Меган беше видена со колегата од филмот „Machine Gun“ („Автоматски пиштол“) – Колсон Бејкер. Но, ѕвездата од „Трансформери“ тогаш рече дека тој ѝ е само пријател.
Брајан и Меган се запознале на сетот на „Hope & Faith“ („Надеж и верба“), а почнале да се дружат во 2004 година. Двојката тогаш беше мета на критики затоа што Фокс имаше 18 години, а Брајан – 30 години.
Ова не е прва нивна разделба. Откако се венчаа 2010 година, Фокс поднесе барање за развод во 2015 година. Една година подоцна, тие се смирија, сѐ досега, до емисијата на Грин.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















