Им приредил вистинско шоу на соседите: Шпанецот кој танцува на балкон како Фреди Меркјури го насмеа светот

663

Дури и во морето на негативни вести и тешки ситуации поради пандемијата на коронавирусот, еден маж од Шпанија успеал да ги насмее своите соседи со одличниот перформанс на балкон.

Видеото кое ги “запали” социјалните мрежи нѝ пристигна од Марбеја, Шпанија, а на истото се гледа како еден маж го изведува хитот на групата “Queen” – “I Want To Break Free” облечен како легендарниот Фреди Меркјури.

Тој носел бела поткошула и тексас панталони, а со залижаната фризура и мустаќите неодоливо потсетувал на фронтменот на “Queen”.

Неговите танцувачки способности ги насмеале соседите, а еден од нив одлучил да го сними целиот перформанс и да го објави на Фејсбук, каде моментално има над 30 илјади лајкови.

Видеото за кратко време стана вирално, а по својот настап, симпатичниот Шпанец добил аплауз од “публиката” која одлично ја расположил.