Од денеска во Македонија трета бустер доза

89

Возрасните лица над 60 години, здравствените работници и хронично болните од денеска ќе можат да добијат трета засилувачка доза вакцина, но само со Фајзер.

– Даваме препорака врз основа на искуства од други земји и меѓународни институции кои се тие категории граѓани кои треба да се вакцинираат. Значи сите граѓани без разлика на тоа со која вакцина се иницијално вакцинирани, може да се вакцинираат со трета доза вакцина. Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат, притоа таа порака ќе биде потсетување во смисла дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење. И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски“, во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата, рече министерот за здравство, Венко Филипче.