Невреме со пороен дожд и грмежи попладнево го зафати Охрид, жителите стравуваат од поплави.
Освен Охрид, силно невреме ги зафати и Крушево, Прилеп и Кавадарци. Во Лазарополе има пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град со големина од 2 сантиметра.
Од УХМР информираат дека попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево ќе има и во Скопската Котлина, а можно е и појава на краткотрајно невреме.
Во наредните денови следува период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Утре врнежите ќе бидат поретки и ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, па дневната температура во наредните денови повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















