Интервентни мерки против загадувањето на воздухот генерално се почитуваат на целата територија на општина Аеродром, покажува вонредниот надзор градилиштата, автосервисите и отпадите извршен денеска од Инспекциската служба на општина Аеродром.
Од општина Аеродром најавуваат дека вонредниот надзор ќе продолжи и во наредните денови.
Мерките беа воведени веднаш по известувањетo од Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот два дена по ред го надминува законски пропишаниот минимум, односно изнесува над 188 μg/m3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат.
Општина Аеродром, се вели во соопштението, ги почитува воведените мерки и денеска од работа ослободи седуммина вработени од критичните групи, а двојно е намалена употребата на службените возила.Повеќето од вработените, вклучувајќи го и градоначалникот, се наведува во соопштението, утринава до работните места стигнале пеш или со велосипед.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















