Неговата наредба, наводно, би требала да важи 60 дена, но не е исклучено дека истата би била продолжена.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, најавил дека ќе потпише извршна наредба за ‘привремено запирање на имиграцијата во САД’ поради коронавирусот.
„Во светлото на нападот на невидливиот непријател, како и потребите да се заштитат работните места на нашите големи американски граѓани, ќе потпишам извршна наредба за привремено запирање на имиграцијата во САД“ – објавил Трамп на својот Твитер профил.
Претседателот на САД исто така изјавил дека моменталното запирање на имиграцијата ќе помогне невработените Американци да станат приоритет во процесот на вработување кога државата повторно ќе се врати во нормала.
Наредбата наводно би требала да важи 60 дена, но не е исклучено и продолжување на истата, пренесуваат странските медиуми.
„Би било погрешно и неправедно за Американците кои што вирусот ‘ги отпушти’ да бидат заменети со нова имигрантска работна сила која што доаѓа од странство. Прво мора да се погрижиме за американските работници“ – порачал Трамп.
Неименуван извор, за кој AP тврди дека е запознат со плановите, наведува дека наредбата се однесува на сопствениците на зелена карта, кои што не се државјани на САД.
Да ве потсетиме дека минатата година околу еден милион луѓе добија зелена карта.