Корона вирусот може да преживее на вашиот мобилен и до 9 дена, вака ќе се заштитите

1046

Пред да почнете да разгледувате што има ново на социјалните мрежи задолжително исчистете го вашиот мобилен или таблет.  Корона вирусот може да преживее на мобилен телефон и до 9 дена, пренесува светски познатиот портал „Њујорк пост“.

Едно германско истражување покажа дека новиот вирус што го тресе светот може да опстане на метал, стакло и пластика, пренесува овој портал, а токму од вакви материјали се направени телефоните и таблетите.

Затоа телефоните треба да ги исчистиме секој пат кога се враќаме дома. Еве како треба да го направиме тоа:

Треба да земете течност што содржи 0.1 отсто натриум хипоклорит или 62 до 71 отсто етанол (ова е главна состојка на повеќето гелови што се користат за дезинфекција). Течноста треба да се нанесе на мека крпа и со лесни движења да се пребрише екранот во траење од една минута. Никако не нанесувајте директно на екранот.