Антибиотикот „сумамед“ (азитромицин) е повлечен од слободна продажба во земјава и отсега ќе се издава само на бел рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување, вели извор од Министерството за здравство. Потегот е изнуден, вели истиот извор, бидејќи некои граѓани почнале да го купуваат во големи количини, иако нема потреба за тоа.
Азитромицинот е антибиотик за кој во некои првични студии се посочува дека во комбинација со лек против маларија дејствува кај дел од пациентите заразени со новиот коронавирус.
Лекот против маларија – кинин, пак, македонските власти успеале да го набават во доволни количини, вели истиот извор од Министерството за здравство.
Министерот Венко Филипче пред некој ден најави дека државава се ангажира да го набави лекот против маларија зашто има публикации во кои се вели дека хидрохлорокининот (антималарик) во комбинација со азитромицин (антибиотик) дава добри резултати кај некои пациенти болни од ковид-19.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















