На околу 15 километри југозападно од Скопје се наоѓа Матка, која со своите геолошки, геоморфолошки, хидролошки, флористички и фунистички карактеристики е едно од најрепрезентативните богатства на Македонија.
По долината на реката Треска има таинствен свет со прекрасни пештери, високи карпи, големо богатство на дабови и букови шуми, белоглави орли и ретки животински видови.

Во Матка има десетина пештери со должина од 20 до 177 метри и две провалии со длабочина до 35 метри, а најпознати се пештерите Врело, Кршена и Убава кои имаат слична должина. Пештерите се полни со сталагмити, столбови и сталактити. Кањонот на реката Треска е најважниот искачувачки центар во северниот дел на Македонија и главните искачувања започнуваат на пролет кога доаѓаат посетители од цела Европа. Сезоната продолжува во текот на летото и есента до ноември, кањонот на реката Треска е отворен и за кајакарство.

Не случајно кањонот Матка се најде во репортажата на британски „Гардијан“ меѓу десетте најубави европски кањони.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












