Забавувањето, врските, машко-женските пријателства воопшто имаат многу интересни факти, докажува неодамнешно истражување.
На пример, дури 89 отсто од младите мажи обожуваат да излегуваат со постари жени, додека во потрагата многу им е важно жената да не е дебела.
Од друга страна, жените многу ги привлекуваат мажи кои се точно 6 години постари од нив, а како што се наведува – многумина тврдат дека никогаш не се опоравуваат од љубовниот крах, без оглед на тоа што се верува дека времето лечи сè.

Еве што сè открило истражувањето за машко-женските односи на 1000 испитаници:
– Дури 95 отсто од мажите сакаат девојката да го направи првиот чекор во кафуле, односно во ноќен клуб;
– 6 отсто од жените пак, сметаат дека всушност никогаш не се опоравуваме од љубовниот крах;
– Околу 89 отсто од помладите мажи сакаат да излегуваат со постари жени, бидејќи сметаат дека се многу поискусни во сексот;
– Жените раскинуваат почесто од мажите;
– Мажите стануваат поглупави за момент кога ќе погледнат атрактивна жена;
– Жените во просек најмногу ги привлекуваат мажи кои се 6 години постари од нив;
– Дури 39 отсто од жените попрвин би се откажале од секс на една година, отколку од омилената храна;
– Кога станува збор за запознавање преку интернет, жените најмногу се плашат дека нивниот партнер за излегување ќе биде сериски убиец, додека кај мажите е присутен страв дека партнерката во живо ќе биде дебела;
– Од 1000 сингл мажи, 73 отсто изјавиле дека примарен интерес им е да пронајдат некого за долга врска;
– Околу 57 отсто од сингл испитаниците сметаат дека размислувањето за поранешниот партнер ги спречува во пронаоѓање нова врска;
– Дури 64 отсто велат дека го промениле изгледот после раскинувањето.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



