Овој маж признал дека ја шпионирал својата сопруга преку камерата за дадилката и дека останал запрепастен кога видел што прави таа.
Татко на близнаци изјавил дека случајно погледнал во апликацијата која прикажува што се случува во нивниот дом, а набрзо потоа се загрижил.
На лајвстрим здогледал како неговите синови се тепаат додека неговата сопруга седи на таблет, а тоа што особено го вознемирило бил фактот дека неговата сопруга во ушите имала слушалки против врева и дека не слуша што се случува со нејзините деца.

„Бев загрижен и одлучив да разговарам со неа кога ќе се вратам дома, а потоа попладнето повторно ги погледнав камерите и повторно останав без текст. Нашите деца јадеја замрзнати стапчиња од кашкавал од фрижидерот додека таа зборуваше со некој по пат на видео повик и понатаму во ушите имаше слушалки против врева“ – раскажал таткото.
Кога дошол дома, сакал да разговара со сопругата за нејзиното однесување, а кога ѝ спомнал што видел таа едноставно побеснела.
„Беше лута поради тоа што сум ги гледал снимките и ми кажа дека не треба да го правам тоа. Не сакаше воопшто да разговараме како двајца возрасни луѓе“ – напишал таткото на социјалните мрежи.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















