Мартовскиот број на грчкото издание на магазинот „Вог“ го привлече вниманието на светската јавност. Причината за тоа е што насловната страна ја краси Викторија Бекам и тоа во фантастична сина креација на грчкиот бренд „Zeusndio
Сината боја и симболичниот наслов „Victorius“ беа и повеќе од доволна причина сите да посакаат да видат повеќе од оваа соработка.

Инаку, мартовскиот број има уште една насловна страна со Викторија, на која фокусот е на нејзиното лице.

Зад фотографиите се потпишува познатиот фотограф Алекси Лубомирски.
„Ако животот е натпревар, тогаш Викторија Бекам е шампион. Жена која се соочила со професионалните и семејните предизвици со еднаква храброст, победувајќи низ времето и времето повторно како некој на кој совршено му стои името што ја слави победата. Креативниот ум зад еден од водечките брендови во модата, член на една од најуспешните женски поп-групи во историјата, сопруга на еден од најбараните мажи на планетата и мајка на четири деца, Викторија Бекам ја краси насловната страна на „Победничкото“ мартовското издание на „Вог Грција“. Во фото-сесијата која ја прегрнува пролетта, повторното раѓање и светлива, Викторија позира пред објективот на реномираниот фотограф Алекси Лубомирски…“, е дел од објавата на Инстаграм профилот на „Вог Грција“.

Изданието ќе биде во продажба од 23.02, а со нетрпение очекуваме да ги видиме и останатите фотографии и разговор.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















