Актерката проговори за борбата со аналниот карцином и откри кои се неочекуваните симптоми за оваа опасна болест

91

“Очајната домаќинка“ Марсија Крос (57) во ноември 2017-та година ја започна борбата со аналниот карцином откако нејзиниот доктор на годишниот преглед забележал промена на овој дел од телото кај актерката.

Таа отворено проговори за тоа дека карциномот ѝ е дијагностициран и за борбата против стигмата која ги следи заболените од оваа болест.

„Знам дека има многу луѓе кои се срамат. Доколку имате карцином, треба ли да се чувствувате засрамено? Како да сте направиле нешто лошо затоа што тој се наоѓа во вашиот анус? Мислам, навистина! Веќе од сè ни е доволно“ – изјавила актерката.

По две недели хемотерапија и шест недели радијација, Марсија заради непосакувани дејства на терапијата морала да се откаже од своето “риалити“ шоу. На Марсија ѝ било потребно подолго време да проговори за својата болест.

„Анус, анус, анус. Ќе мора да се навикнете на тоа“ – изјавила таа.

Марсија се ангажирала за едукација на HPV вирусот кој е причината за повеќе од 91 отсто од аналните тумори, покрај карциномот на грлото, гениталиите и грлото на матката. Најчест симптом на HPV се анални брадавици,а другите симптоми се полипи и промени на кожата

Сопругот на Марсија, Том Махони се соочил со дијагнозата на карцином на грлото во 2009-та година. Болеста исто така предизвикува HPV вирус кој е пренослив преку контакт со кожата. Докторите изјавле дека нејзиниот карцином е поврзан со карциномот кој го имал нејзиниот сопруг.

Сега, година и пол по дијагнозата, Марсија се чувствува одлично.

„Повторно се чувствувам нормално, но некако ново нормално. Мислам дека повеќе никогаш ништо од тоа нема да земам “здраво за готово“. Јас сега сум жена која оди во тоалет и мисли во себе: „Да, прекрасно е тоа што моето тело може да го направи. Навистина сум му благодарна“ – изјавила таа.

loading...