По две години врска, легендарниот 79-годишен актер Ал Пачино е повторно слободен, а неговата поранешна девојка не била воздржана кога зборувала за прекинот на врската.
Светските медиуми денеска пренесоа дека Пачино и неговата израелска колешка, 40-годишната Меитал Дохан повеќе не се во врска.
Оваа вест за претставниците на медиумите ја потврдила и самата актерка која истакнала дека е “тешко да се биде со толку стар човек, па макар и да станува збор за Ал Пачино”.

“Разликата во годините е тешка, да. Се обидов да го оспорам тоа, но тој сега е постар човек, да бидеме искрени. Ни покрај сета моја љубов не можеше да потрае”, рекла Дохан за израелскиот “The Times”.
Актерката додала дека легендата на Холивуд не е великодушна кога станува збор за трошењето пари на подароци.
“Секогаш ми купуваше само цвеќе. Како би можела пристојно да кажам дека не сакаше да троши пари?”, ги запрашала Меитал новинарите.

Таа открила дека неодамна се скарала со Пачино и одлучила да го остави иако и понатаму го сака и почитува, но додала и дека била заедно со актерот во моментите кога му била потребна.
Обожавателите на славниот актер овие денови коментираат под фотографиите на Дохан на Инстаграм дека таа била со Ал Пачино само поради пари, но и дека им е мило што не го потрошил неговото богатство на неа.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











