Две експлозии го потресоа Амстердам: Станува збор за писмо-бомби?

649

Во зградата на поштата во холандскиот град Амстердам одекнаа две експлозии, а полицијата се сомнева дека станува збор за писмо-бомби.

Утринава две експлозии го потресоа холандскиот град, а како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, во експлозиите никој не бил повреден. На лице место веднаш пристигнале полициски сили, пожарникарски и екипи на итна помош.

Како што пренесуваат холандските медиуми, до втората експлозија дошло половина час после првата. Холандската полиција соопшти дека истражува повеќе мистериозни пакети со експлозиви кои биле испратени во неколку компании.

Инаку, до инцидентот дојде откако пет холандски компании со седиште во Амстердам, Ротердам и Утрехт примија писмо-бомби во текот на минатиот месец. За среќа, ниту една од бомбите не експлодираше.