Предмалку познатиот скопски трговски центар „Сити Мол“ беше целосно евакуиран од полицијата, откако била примена дојава за поставена бомба.
Како што раскажуваат посетителите на трговскиот центар во скопската населба Карпош 4, од управата на трговскиот центар преку разглас на Македонски и Англиски јазик ги повикале посетителите и вработените веднаш да го напуштат објектот.
Набрзо пред трговскиот центар пристигнаа полициски единици, а сообраќајот се пренасочува. Во близина можат да се забележат и противпожарни возила, како и екипи на итна помош.
Како што пренесува „Телма“, била испратена СМС порака до обезбедувањето на шопинг центарот со лажна дојава за поставена бомба.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















