Австрија по голема битка триумфираше над селекцијата на Украина со резултат 34-30, задржувајќи се на првото место и по второто одиграно коло во групата Б што се игра во Виена. Украинците долго време парираа, но нивниот отпор беше скршен во последните пет минути, кога домашната селекција конечно успеа да се одлепи и на крајот да стигне до победата.
Домаќините важеа за огромни фаворити во пресрет на мечот, но Украина од самиот почеток стави до знаење дека ќе биде незгоден ривал. И двете селекции се менуваа во водство, Украинците поведоа со 6-8, Австрија одговори и дојде до предност од 10-9, а по брзата игра на двете страни на одмор се замина со минимална предност на домашната селекција од 18-17.
Тактиката „седум на шест“ на Бебешко им создаваше главоболки на Австријците и во второто полувреме, па во последните десет минути се влезе со израмнети 27-27. Пред крајот на голот на Украина застана Терехов, кој врза две одбрани во серија, но по една почетничка грешка во нападот Вебер биеше прецизно во празната мрежа за водство на Австрија од 30-29 на пет минути до крајот.
Билик повторно беше најдобар стрелец кај Австрија со десет постигнати гола, додека крилото Вебер постигна осум гола без ниту едно промашување.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











