Македонската мисица, модел и новопечена „пејачка во обид“ Кристина Димитриевска е новата Балканска убавица. Имено, таа не изборот одржан минатиот викенд во Белград, како претставничка од Македонија под патронат на Модното студио „Црнокрак“ ја понесе титулата „Мис на Балканот 2019“.

Интерсно е што на Кристина ова не и е прва титула, како што не и е и прв пат да се закити со дијадемата за „Балканска убавица“. Имено, во 2014 година, тогаш се’ уште малолетната тетовка, 17 – годишната Кристина Димитриевска во скопскиот хотел-ресторан Томче Софка ја понесе титулата новогодишна „Балканска убавица“… по прв пат!

И оттогаш и тргна… Како што му тргна нему, на нејзиниот сега веќе бивш сопруг, пејачот Даниел Кајмакоски, кој некако во исто време во таа 2014 година победи на регионалното музичко талент шоу „Х- фактор“.

Тогашната новогодишна „Балканска мисица 2014“, титулата ја одведе токму до него- момчето со „Х – Фактор“, Даниел Кајмакоски, чија љубов заврши со брак, а недолго потоа и со приниова во новоформираното семејство, синчето Давид!

Брачната идила годинава завршува со разделба на приватните и вкрстување на професионалните патишта. Даниел и се враќа на музиката, Кристина тргнува да му стане конкуренција, во обид покрај манекенската, да направи и музичка кариера!

Пет години подоцна историјата се повторува. И тоа замислете во ист викенд, во кој Даниел Кајмакоски победува во шоуто „Твоето лице звучи познато – (ТЛЗП)“, а сега веќе бившата му сопруга одново станува „Мис на Балканот 2019“… по втор пат, ама овој пат и таа во Белград!

Кармата е стара проверена кучка велат, само што е прашање дали, кој и што ќе добие овој пат со победите?

Нејзината титула „звучи познато“. Таа Кристина Димитриевска во 2014-тата ја одведе до Даниел Кајмакоски…

Останува да видиме дали и со чиј „Х-фактор“ ќе ја спои годинава? А и песната и се вика… „Сакам пак“!



![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










