Актерката Силвија Стојановска попладнево беше приведена во Кривичниот суд, во врска со заплена на огромна количина на дрога. Таа доби куќен притвор и заедно со уште едно лице се осомничени за трговија со дрога. Стојановска беше приведена на распит во рамки на истрата на ОЈО за организиран криминал и корупција.
Судијата на претходна постапка, Ненад Савески, доцна вечерва ѝ определи 30 дневен куќен притвор на актерката, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Веднаш по излегувањето од Кривичен актерката била дочекана од страна на новинарски екипи, а на прашањето дали е уапсена на граница и дали знаела дека Обвинителството води истрага против неа, таа наводно само прокоментирала: “Боже, Боже“, пишува и пренесува Макфакс.
Фото: Фејсбук








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












