Познатата актерка Силвија Стојановска попладнево е уапсена и однесена во Кривичниот суд каде ќе биде изведена пред судија на претходна постапка. Судски извори, за Вечер.мк наводно потврдиле дека актерката е уапсена во Скопје заедно со нејзиниот партнер, а неговиот брат бил упасен во Шпанија за шверц на 700 кг. кокаин.
Актерката, според нивнитеизвори, наводно помагала со логистика и подигнување на парите.
Обвинителството побарало мерка притвор за актерката, но од ОЈО се изјасниле дека немаат никакви достапни информации и најавија дека можеби подоцна ќе излезат со официјално соопштение.
Стојановска е македонска актерка позната по многу улоги, а последните години е актуелна со нејзината улога во македонската серија „Фамилијата Марковски“.
Фото: Фејсбук














![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















