Глумела дека ѝ пукнал воденикот, а поради реакцијата на нејзиниот сопруг снимката станала хит

1288

Една бремена девојка глумела дека ѝ пукнал воденикот само за да ја види реакцијата на својот сопруг, а снимката веднаш станала хит на социјалните мрежи.

Киндал од САД ја наместила камерата, а потоа зела шише вода, го истурила во своите тренирки и го викнала сопругот на кој му кажала дека ѝ пукнал воденикот. Тој започнал панично да трча низ станот, а во еден момент и паднал, што насмеало многумина.

Шегата на сопругата ја погледнале повеќе од 14 милиони луѓе, а истата добила над 38 илјади споделувања.

“Не се шегувај со тоа”, ѝ кажал сопругот, а таа му одговорила дека сакала да провери дали е спремен.

Дали би ве налутила ваква шега од вашата бремена сопруга?