Иако започна календарски, се чини како топлото годишно доба и понатаму да ја одминува нашата земја. Доколку сте носталгични по плажа и сонце, тогаш овој прекрасен дом дефинитивно ќе ве воодушеви.
Комбинацијата од сини нијанси и дезени, бели ѕидови и светли подови, плус некоја мирислива и свежа билка, претставува совршен избор на ентериер за сончевите денови. Едноставно ја обожаваме, бидејќи во просторот создава вистинска морска, воздушеста и опуштена атмосфера.


Кујнските елементи се во рустичен стил, а со изборот на плочките се акцентира медитеранското чувство во амбиентот. И во трпезаријата е задржена истата палета на бои, надополнета со белата мермерна маса. Во станот има уште две соби – спална соба со брачен кревет и детска соба.

Во првата посебно внимание привлекуваат тапетите на ѕидот зад креветот. Детската соба е пространа. Сместени се два француски кревета на кат, а средишниот дел е осмислен за работа и игра.


















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















